СЦ „Јане Сандански“ во изборот за најдобар ракометен храм во Европа!

245

Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје се најде во изборот на Европската ракометна федерација за најдобар ракометен храм во Европа.

ЕХФ направи избор од 11 ракометни сали ширум Европа кои конкурираат за најдобра на Стариот континент. Помеѓу нив се најде и арената каде настапува актуелниот европскиот шампионм, Вардар 1961.

Доколку сакате да гласате за СЦ „Јане Сандански“, тоа можете да го направите на следниот линк ТУКА.

– Македонците сакаат ракомет и тие ги бодрат нивните клубови до самиот крај. Арената во Битола и А1 Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, домот на репрезентацијата и претходно на Металург, се традиционални тврдини, но со инвестицијата во салата на Вардар, „Јане Сандански“, атмосферата се искачи на нови височини.

Машкиот и женскиот тим на вардар имаат нов дом, а навивачите прават неверојатна атмосфера. „Нема да разберете ниту еден збор од тренерот“ е честата изјава од гостинските клубови – пишува ЕХФ за СЦ „Јане Сандански“.