Сексот повикува на акција! После 30 години проучување и повеќе од 100.000 анализирани соништа психологот Ian Wallace тврди како сонувањето за секс е повик на големи промени.
Потсвеста само ви порачува дека морате нешто да превземете. Секој кој се појавува во секс-соништата, е дел од посебноста на сонувачот. Луѓето со кои во сон ќе се најдете во кревет ја имаат особината која и вие ја сакате. Дали е тоа нежност, љубезност или амбициозност…
Психологот објаснува како потсвеста го алармира сонувачот дека за него е важно да ја развива токму таа доблест. Но соништата за секс можат да упатуваат и на емотивни празнини.
Соништата за групен секс не се знак дека сонувачот „полудел„ од валкани фантазии и страсти. Потсвеста јасно дава на знаење дека ни недостасува нужната потпора од партнерот, семејството, колегата…
Во различните фази на животот на жените им се повторуваат соништа во кои некој ги прогонува. Тоа значи дека имаат проблем кој се обидуваат да го турнат под тепих. Но потсвеста ги повикува да го освестат и решат-вели dr Wallace.
Во кревет со бившиот
Да се најдеш под чаршафите со бившиот не значи дека страдате по него , туку потсвеста со тоа ви порачува да прекинете со старите обрасци на однесување за да не ги повторувате грешките од бившата врска.
Продолжува на страна 2



















