Стручњак ги анализира нашите сексуални соништа – и тоа мошне темелно | Еве што значат

1384

Секс со пријател

Не е предупредување дека го гледате со други очи. Станувате свесни дека ќе морате да поработите на себе за да ги развиете талентите кои тој или таа ги има. Сексуални партнери во соништата можат да бидат и луѓе кои ви се одбојни во вистинскиот живот. Но потсвеста, без грам срам, ви порачува дека некоја особина ви е сепак привлечна.

Уште пошокантни на хетеросексуалците ќе им се сторат соништата за хомосексуалноста. Ако немате наклоности кон истиот пол, а во сонот уживате во хомосексуалниот однос, нема причина за паника. Тој сон значи дека станувате свесни за сопствените тела и сексуалноста па започнувате да се носите со женственоста или мажевноста.

Ни страствената ноќ во прегратката на најдобриот пријател на сопругот не е најава за можен скандал. Таквиот сон открива дека сакате сопругот да ги има особините на најдобриот пријател. Можеби тој човек е добар во нешто што на вашиот партнер не му поаѓа од рака. Поразговарајте за тоа-вели dr. Wallace.

И сонот за сексот со симпатијата може да значи дека навистина ви се допаѓа, но многу е поверојатно дека во кревет сте завршиле поради некоја негова или нејзина особина која се уште не сте подготвени да ја развиете самите. Но ако се разбудите во пот поради сексот во јавноста, нема причина за пусто анализирање. Едноставно, објаснува психологот, копнеете вашата врска, долга или кратка, да ја одобрат и прифатат другите.

Продолжува на страна 3