6 причини зошто женетите мажи изневеруваат, дури и кога ја сакаат својата жена

6351

Разликата меѓу мажите и жените е огромна. Ова е особено точно кога станува збор за врските. Кога мажите ќе измамат, жените немаат поим што е тоа што го навело саканиот да застрани.

Прочитајте кои се најчестите причини кои ги наведуваат мажите да ја измамат и да ја изневерат жената која ја обожавале до вчера. Можеби така ќе спречите и вие да бидете една од измамените жени.

1. Бара пријателство

Некои жени постојано им префрлуваат на сопрузите по некое време поминато во брак. Мажите тогаш почнуваат да бараат женско друштво кое нема да ги осудува, и кое ќе разбере низ што минуваат. Тие сакаат жена која може да ги прифати онакви какви што се.

2. Тој сака да игра

Мажите понекогаш знаат да се однесуваат детинесто и не сакаат секогаш да ја прифатат одговорноста што ја носи бракот. Можеби копнеат по времето кога не биле врзани и бараат жена која повторно ќе се однесува спонтано со него.

3. Сака независни жени

Повеќето мажи сакаат жени кои можат да се грижат за себе. Тие не сакаат да бидат со некој кој ќе зависи од нив цело време.

4. Тој сака жена која е среќна

Ако мажот почувствува дека повеќе не ве прави среќна, можеби ќе побара жена која ќе умее да ја направи среќна. Мажите сакаат партнерка која е среќна во врската.

5. Бара нешто што вие немате

Да, ова е плитко, но точно. Ако сте престанале да се грижите за себе по венчавката, тој можеби ќе побара поатрактивна жена.

6. Ги мрази солзите

Повеќето мажи не знаат како да одговорат на солзи. Во тие ситуации не знаат што да направат или кажат, па ќе побараат некој друг, наместо да се соочат со проблемите во својот брак.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.