
Дали ќе се мачите? Да, да. Вие ќе се намачите.
Нема обиколница. Ќа паднете многу пати, но кој брои. Запоменете само, не постои такво нешто како мазна и тивка планина. Ако сакате да се стасате до врвот, кратките мостови мора да се поминат.
Ќе дојде време кога ќе има стресови, работи околу кои ќе бидете депресивни.
Но, дозволете ми да ви кажам нешто. Стивен Спилберг беше одбиен од филмската школа три пати. Три пати! Но, тој продолжи понатаму. Уредникот на една ТВ станица ѝ даде отказ на Опра велејќи дека не е соодветна за телевизија. Но таа продолжи понатаму. Критичарите велеа за Бијонсе дека не може да пее. Беше во депресија, но таа продолжи понатаму.
Борбата и критиките се предуслови за величенственост. Тоа е закон на универзумот од кој никој не избегал. Затоа што болката е дел од животот. Но можете да одберете што сакате, болката и патот до успехот или болка која ќе ве прогонува со каење.
Сакате мој совет?
Не размисувајте два пати. Дадена ние дарба која ја нарекуваме живот. Затоа, не го уништувајте.
Вие не сте дефинирани со своето минато, туку сте родени како нови секој пат. Затоа, имајте го сега.
Понекогаш ќе мора да скокнете со раширени крилја на патот надолу. Подобро би ви било да успеете пред истекот на часот. Бидејќи во животот нема продолжение. Нема втора шанса.
Знам дека звучам како да проповедам, и зборувам на сила. Но, ако не ја искористите вашата дарба, тогаш не само дека не сте свој, туку и целиот свет ќе ви биде ускратен.
Затоа, кои уверувања имате во главата? Кои идеи? Кои лекови? Која вештина ја имате во себе за да се појавите надвор во овој универзум?
УНИ значи ”една”, ВЕРЗУМ значи ”песна”.
Вие имате улога во оваа песна, затоа грабнете го микрофонот и бидете храбри. Пејте со сето свое срце на оваа животна сцена. Не можете да се вратите назад и да почнете од почеток.
Но, можете да почнете сега и да направите сосема нов крај.


















