
Разговарав со пилотот и тој ми кажа дека многу патници мислат дека опасно е да се лета со авион. Но, тој рече дека, всушност, поопасно е кога авионот ќе остане на земја.
Јас реков: Што?! Како е можно тоа?
Тој ми рече: Затоа што на земјата авионот почнува да ‘рѓа, да се расипува и распаѓа, многу побрзо отколку кога е во воздухот.
Како заминував, помислив: Да, има потполно смисла. Бидејќи авионите се направени за да живеат на небото, и секој човек е направен да го живее сонот што го има во себе. Поради тоа, тоа е можеби најголемата загуба, да се живее на земјата, а никогаш да не полетате.
Видете, повеќето од нас се плашат од крадецот кој доаѓа во текот на ноќта да ги украде нашите работи, но постои крадец и во вашиот ум, кој е во потрага по вашите соништа. Неговото име е СОМНЕЖ.
Ако го видите, повикајте полиција и чувајте го подалеку од децата, бидејќи тој е баран за убиство. Убил повеќе соништа отколку што неуспехот некогаш направил.
Тој има многу маски и како вирус ќе ве остави слеп, одвоен и ќе ве претвори во “некако”.
Видете, тоа “некако” е како … вие знаете што е тоа, тоа е многу “некакви” луѓе.
Вие “некако” сакате промена во својата кариера, вие “некако” ги сакате најдобрите коментари, вие “некако” сакате да бидете во форма.
Едноставна математика, без броеви и делења.
Ако “некако” сакате нешто, тогаш “некако” ќе дојдете до резултатот што го сакате.
Кој е вашиот сон? Што ве охрабрува?
Вие не можете “некако” да сакате нешто? Морате да го сакате со секој дел од вашето срце.
Продолжува на страна 3


















