Симптоми за дефицит на витамин Е

1977

Анемија

Анемијата е болест на крвта што се јавува кога постои ниско количество на црвените крвни клетки. Црвените крвни клетки (црвени крвни зрнца) се составен дел од крвта, бидејќи помагаат за транспорт на кислород до други важни органи во телото со помош на хемоглобинот.

Дефицитот на витамин Е може да биде една од причините за појава на хемолитичка анемија. Кај неа црвените крвни клетки се разградуваат невообичаено. Недостатокот на витамини во текот на бременоста, може да доведе до раѓање на бебе со мала тежина.

Невролошка попреченост

Недостатокот на витамин Е го попречува функционирањето на централниот нервен систем. Затоа, ако забелeжите нерaзположенија, како губење на рамнотежа, лоши рефлекси, тешкотии при движењето на екстремитетите, добро е да се консултирате со специјалист и ако е потребно да земате додатоци со витамин Е.

Овој витамин има и антиоксидантни својства, а кога не добивате доволно од него, оксидативниот стрес може да ја влоши општата здравствена состојба.