За да се подготвите за на море обично се наметнува исцрпувачка и иритирачка диета . Наместо да се изложувате на слични маки, пробајте диета со замена на еден од оброците.
Пропуштањето на оброк крие ризик од дебелеење . Така го кочите метаболизмот и ги зголемувате килограмите.
За да го намалите внесувањето калории и истовремено со тоа да не пропуштите оброк, пробајте ја диетата со банана-овесен шејк.
Таа е погодна како замена на појадокот, бидејќи во него се содржат хранливи материи кои даваат енергија до ручекот. Така ем нема да пропуштите оброк, ем нема да сте гладни.
Состојки
- 2 големи банани, се сечат на големо
- ½ чаша овесни снегулки
- 1 лажица мед
- 250 мл млеко од соја
- 2 капки екстракт од ванила
Измешајте ги првите 4 состојки во блендер. Можете да додадете и малку мраз по желба . Конечно додадете ванила и мешајте со лажица.
Ако не ви се допаѓа соиното млеко, можете да приготвите шејк со обично, но обезмастено!
Правете го тоа секое утро во текот на 3 недели и ќе гп забележите ефектот!



















