Што треба децата да јадат во училиште

130

Конзумирањето храна во училишните кујни ја намалува опасноста од дебелеење, покажале резултатите од француското истражување спроведено на Универзитетот Бордо II.

Педијатарот Елен Тибо го надгледувала тоа истражување спроведено во француската област Аквитанија на 4.000 деца на возраст меѓу 5 и седум години.

Резултатот покажал дека децата кои никогаш не јадат во кујната изложени се два ипол пати поголема опасност од дебелеење во однос на оние кои редовно се хранат таму.

„Во училишните кујни пропорциите на оброците се прилагодени според потребите на децата“ вели Тибо.