3. Вие сте одговорни за неговото лошо однесување
Емоционалниот манипулатор никогаш не презема одговорност за своите лоши постапки. Што и да направи ќе најде начин да ве обвини за својата агресивност или лутина.
4. Не ви дава објаснувања
На прашањето зошто е лошо разположен одговара дека вие и така нема да разберете. На тој начин суптилно ја доведува под знак прашалник вашата интелигенција.
5. Нему секогаш му е полошо од вас
Ако се пожалите дека сте имале лош ден на работа, тој ќе одговори дека неговиот бил полош. Емоционалниот манипулатор се грижи само за себе и нема да ви пружи утеха ако лошо се чувствувате.
6. Го менува своето однесување кога ќе сфати дека ви е доста
Емоционалниот манипулатор знае да почуствува дека вашето трпение е при крај и размислувате за прекин на врската. Тогаш станува неверојатно драг и шармантен, дури се извинува за се, но ако му успее да ве придобие, тогаш се враќа на старо.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















