– Некои луѓе се оптимисти и покрај трауматичното искуство. Тие се среќни затоа што ја поминале. За други, трауматичното искуство останува како товар. Тоа сѐ во една комбинација со стилот на живот се претвора во здрав долг живот или краток живот – рече Рубељ. Тој посочи дека неколку студии на Запад укажале дека постои силна корелација помеѓу долговечноста на една личност и нејзините приходи, образование, како и развиени социјални контакти. Тоа најдобро го потврдуваат и моите соговорници Вера Велебит и Иван Јанко Водопија.
– Јас секогаш сум била со ведра природа, а имав и еден одреден исполнет, убав и удобен живот со прекрасен човек со кого бев многу среќна. Веројатно тоа придонесло толку долго да живеам. Не пушам и не пијам, освен ретко чаша вино. Имав добра здравствена состојба и сѐ уште имам, бидејќи не земам никакви лекови – призна Вера Велебит која веќе 12 години (од смртта на нејзиниот сопруг) живее сама. Нејзините синови живеат со своите семејства во Женева, но во секојдневен контакт е со нив.
Богатите луѓе
– Моите синови ми се јавуваат секој ден, а често доаѓаат во Хрватска. Имам четири внуци и пет правнуци. Тоа ме тера да се чувствувам млада, како и дружењето со помладите луѓе. Бидејќи минатата година паднав и ја скршив ногата, не се осмелувам да одам навечер надвор. Но, дење со задоволство одам на ручек со пријателите или да примам посети од пријатели. Мојата последна пријателка од училиште почина пред една и пол година, но имам многу помлади пријателки – рече Вера Велебит која чита весници и книги (најчесто биографии и патеписи), редовно ги следи вестите и ужива во телевизискиот пренос на концерти.
– Ја сакам музиката, а порано редовно одев на концерти и во театарот, но особено го сакав балетот – рече Вера Велебит.
Иван Јанко Водопија и неговата сопруга ја потенцираат важноста на семејниот живот за нивната долговечност.
– Мојата жена и јас сме богати луѓе: имаме шест деца и 11 внуци. Нашите деца имаат свои станови и за среќа немаат кредити – вели проф. Водопија.
– Нашите деца се големи и сега живееме од доживувањата на нашите внуци, го следиме нивното образование и испитите, кои ги полагаат. И тоа навистина нѐ подмладува – заклучила Жељка Водопија.
jutarnji.hr


















