Сакате живот во длабока старост? Стареењето е еден од најкомплексните биолошки процеси, а ова е неговиот клуч

2201

Иако живеат пократко од жените (научниците сѐ уште не знаат добро да ги образложат причините за тоа), а животниот век на мажите во развиениот свет и кај нас значително се продолжува.

– Без активна работа нема долг живот. Јас секогаш влам: младите луѓе треба да работат најмалку 10 часа на ден, а стари лица четири часа или колку веќе можат. Важно е да се активни – вели д-р Иван Јанко Водопија: пензиониран професор на Медицинскиот факултет во Загреб, кој наскоро ќе го прослави 91. роденден. Како експерт на Светската здравствена организација (WHO)проф. Водопија спасил илјадници животи запирајќи заразни болести во Тајланд и Либерија, а во 1986 година развил скратената метода на вакцинација против беснило, која најде место во учебниците по медицина.

– Јас сѐ уште се занимавам со интелектуална работа. Член сум на Друштвото на хрватскиот змеј, каде што понекогаш одржувам предавања, како и на Медицинската академија, каде што сум член на Сенатот – раскажува проф. Водопија. Тој признава дека никогаш немал некое посебно хоби, но во младоста бил љубител на пешачењето. Таа навика ја задржал и во подоцнежните години од животот.

Одам во продавница секој ден, еднаш или два пати ако е потребно. Исто така, одам и на пазар. Не е важно колку артикли купувам пет или осум, никогаш не носам белешка. Сѐ знам на памет. Затоа што запомнив од детството: кој нема во главата, има во нозете – на шега вели проф. Водопија. Друштво ни прави неговата сопруга Жељка, исто така, лекар, со која е во брак од 1950 година.

– Мојата сопруга готви секој ден она што ќе го донесам од продавница или од пазар. Секогаш купувам локална храна од познати производители. Важно е да се јаде здрава храна со помалку хемикалии. Никогаш не сум пушел, но со задоволство ќе испијам една чаша црвено вино за ручек – ги објаснува проф. Водопија своите рецепти за долговечност.

Сепак, научните наоди укажуваат на тоа дека долговечноста во голема мерка е условена од нашите гени.

– Добрите гени прават 70 проценти допринес за долговечност, а позитивниот начин на живот, вклучувајќи ја и здравата исхрана, физичката и менталната активност како и социјалната интеракција, допридонесуваат околу 30 отсто. Дека генетиката е доминантна, посочува и една студија спроведена пред триесет години во САД на стогодишници, значи на луѓе на возраст помеѓу 95 и 105 години – изјави Ивица Рубељ.

– Анализата на нивните биографии покажала дека сите тие живееле во стресни услови. Некои избегале од Европа по Втората светска војна или дошле во Америказа време на економската криза, т.н. Големата депресија, работеле во автомобилската индустрија, учествувале во Втората светска војна, а некои биле и во Виетнамската војна. Тие јаделе она што им било на располагање во тие воени услови, а по војната, хамбургери и кока-кола полна со шеќер. На крајот, доживееле 100 години. Нивните добри гени го надминале лошиот начин на живот и стрес на кои биле изложени голем дел од својот живот – додаде Рубељ.

Благодарение на геномските технологии научниците во последните неколку години откриле педесетина генетски варијанти кои почесто се јавуваат кај долговечните луѓе отколку кај остатокот од популацијата.
Видови на гени

– Со една анализа на повеќе од 1.000 луѓе на возраст над 90 години и во споредба со здравата општа популација се покажало дека стогодишниците имаат група од шест до седум специфични видови на гени кои позитивно влијаат на нивниот метаболизам. Тоа значи дека без оглед на она што тие луѓе јадат истото како и нивната околина, нивниот метаболизам е таков што многу подобро се справуваат со таквата храна – објаснува д-р Рубељ.

Оази на стогодишници

Продолжува на страна 3