Сакате да бидете среќни? Еве што треба да направите

1667

Сите постојано сме во потрага по нешто: Унапредување на работа, нов автомобил, партнер…

Тоа доведува до верувањето дека ако остварите одредена цел или ако добиете нешто, конечно ќе бидете среќни.

Иако важните достигнувања во животот нѐ прават среќни на почетокот, истражувањата покажале дека таа среќа не трае долго. Во едно истражување биле измерени нивоата на среќа кај обични луѓе и кај луѓе кои имале добиено на лотарија. Резултатите покажале дека нивото на среќа кај двете групи луѓе било идентично.

Погрешно е верувањето дека големите настани во животот ја диктираат среќата. Среќата е синтетичка: Или ја создавате, или не. Среќата која трае се стекнува по пат на навики. Најсреќните луѓе имаат одредени навики кои им помагаат да ја одржуваат нивната среќа секој ден. Пробајте ги нивните навики и видете што ќе се случи…

1. Не забораваат да ги ценат малите нешта во животот

Природно е да заглавиме во рутина. На некој начин тоа е добро бидејќи го одмора мозокот и создава чувство на удобност. Но, понекогаш толку многу се внесуваме во нашата рутина што не успеваме да ги цениме малите нешта во животот. Среќните луѓе знаат колку е важно да уживаат во вкусот на нивниот оброк, да размислуваат по неверојатниот разговор што го имале и да го почувствуваат свежиот воздух.

Продолжува на страна 2