Руските научници развиле препарат за лекување на заразени со коронавирус

166
Руската федерална агенција за биомедицина направи препарат за лекување на коронавирусот на основа на антималарискиот лек mefloquine

Руската федерална агенција за биомедицина направи препарат за лекување на коронавирусот на основа на антималарискиот лек mefloquine, соопшти прес-службата на оваа организација.

Овој препарат ги блокира цитопатолошките ефекти на коронавирусот на клеточно ниво и го запира неговото множење, се наведува во соопштението, а пренесува српски „Курир“.

Покрај тоа, имуносупресивното дејство на мефлокинот блокира било какво воспаление кај заразените лица.

Со самото тоа, како што наведува руската Агенција, овој препарат осигура ефикасно лекување на пациентите кои се заболени со коронавирусот во различни фази на инфекцијата.