Овој метод е особено корисен ако го применуваме во себе, но, исто така, е ефикасен ако работиме со најблиските. Ако нашето дете падне и здобие рана, истата техника која сме ја примениле на самите себе треба да ја примениме и на него да го запреме крварењето.
Важно е да не паничите, туку целосно да се фокусирате на детето, или некој друг и да му помогнете. Со паника, како што знаеме, ништо не добиваме, само уште повеќе ја усложнуваме ситуацијата, а со присебноста и конкретна акција можеме да промениме сè.
За оваа техника да делува, потребно е редовно да ја практикуваме, а со пракса и резултатите се неизбежни. Сепак, постојат ситуации кога некоја здравствена или ментална состојба нема да се излечи со оваа техника, но сигурно е дека ќе се подобри, и тогаш треба да се примени некоја од официјалните терапии.
Официјалната медицина не се меша со примена на техниката која сме ја опишале, како и со голем број на понапредни техники за кои подучува Темњиков. Така, на пример, понекогаш е потребно хируршки да се отстрани канцероген тумор, а со помош на седумте магични зборови можеме да влијаеме на малигните клетки да не се размножуваат и генерално организмот да биде здрав.
Автор: Марија Периќ Митиќ lovesensa.rs


















