Руска техника | Седум магични зборови што елиминираат проблеми и болести!

2621

Петтата состојба која треба да ја кодираме е универзалната матрица, а се однесува на нашата најдобра верзија на себе од периодот кога сме имале околу 19 години. Тогаш луѓето се на врвот на својата сила, креативна енергија и ентузијазам.

Да се потсетиме како било кога бевме поубави, повитални и поздрави од било кога, кога постигнувавме одлични резултати и во сите области бевме брилијантни или, ако никогаш не бевме во потполност задоволни со самите себе, замислете идеална верзија на себеси во младешката возраст. Кога ќе нѐ обземе задоволство од себе, таа емоција врзете ја за петтиот магичен збор и трајно зачувајте ја.

Шестата слика е слика на идеалната жена. Секое човечко суштество содржи и карактеристики на спротивниот пол. Затоа, е важно во себе да го освестиме моделот кој го негуваме за двата пола. Идеална жена за нас може да биде фантазија или некој кој навистина постои, само е важно да има апсолутно сите квалитети кои, според нашето лично видување, претставуваат совршен човек.

Кога ќе ги замислиме сите супериорни физички, ментални, емоционални и духовни карактеристики и квалитети на еден таков човек, ментално се поврзуваме со таа слика и го креираме својот шести магичен збор.

Седмата слика е лик на идеален маж. Ќе го доловиме по истиот принцип како и идеалната жена и ќе го поврземе за последниот – седмиот магичен збор.

Како да се издаде наредба според која клетките ќе се однесуваат

Кога нашите седум лични зборови ќе ги споиме со горенаведените состојби, ние имаме способност да запреме било која непријатност, болка, крварење, страв, гнев, и тоа да го промениме. Кодовите кои ги смисливме се вид на програма (точни податоци и команди), кои, кога ќе се активираат, го враќаат организмот во оптимална состојба.

Продолжува на страна 4