Првата состојба за која треба да се смисли личен код е љубов. Неопходно е да се потсетиме на ситуација во која почувствувавме огромна љубов, кога, на пример, бевме заљубени или преплавени од љубов кон некоја личност.
Додека во себе ја евоцираме таа емоција, пишуваме на хартија шифра составена од три или четири букви, која од тој момент па натаму за нас ќе претставува асоцијација за љубов. Потоа, додека сме уште во таа емоција, зборот кој туку што сме го смислиле го меморираме и ќе го поврзуваме со таа ситуација – го кодираме.
Во иднина, секогаш кога во себе ќе го кажеме тој код, во нас автоматски ќе се предизвика состојба на љубов, која има моќ нашите клетки да ги врати во првобитна, здрава состојба.
Друга состојба за која имаме задача да смислиме свој збор е омраза. Треба да се потсетиме на човек или ситуација во која почувствувавме најсилна омраза, да го евоцираме тоа чувство и да го кодираме по истиот принцип по кој го направивме тоа за зборот љубов. Магичниот збор е особено ефективен кога станува збор за вируси и бактерии, кои не можеме да ги уништиме со љубовта, но можеме да дејствуваме на нив со омраза. Тие се и бездруго страни организми кои нѐ напаѓаат и од кои, како и во реалниот живот, можеме да се одбраниме само со нешто што ќе ги уништи. Наместо тоа, на пример, да земеме антибиотици, ние ќе ги употребиме нашите негативни емоции.
Третиот збор е обнова. Треба да се потсетиме на ситуации во кои нешто сме саниравле, обновиле, реновиралее, реконструирале. Важно е дека тоа сме го направилеме за себе, и дека во таа прилика се создало чувство на задоволство од она што сме создале или она како сме ја измениле намената. Да го кодираме својот збор и за таа ситуација.
Четвртата состојба е активација и стимулација – заживување на успешно завршено сценарио. Неопходно е да се потсетиме на ситуација во која сме биле многу активни и мотивирани, кога нашата внатрешна стимулација помогнала во постигнувањето на некој успех. На пример, благодарение на внатрешната сила постигнавме извонреден успех во спортот или подготвивме испит за многу кратко време, успешно ја завршивме задачата, пристигнавме на одредено место и слично.
Продолжува на страна 3


















