Јаглехидратите не ги исфрлајте сосем од исхраната

233

При самата помисла на здрава исхрана инстинктивно ни доаѓа да одлучиме од секојдневното мени да ги исфрлиме јаглехидратите.

Но, покрај во тестенините и печивата, нив ги има и во голем број овошја и зеленчуци, за кои пак, знаеме дека се клучен дел од здравата исхрана.

Имајте на ум дека ако сте физички активни, особено ако редовно спортувате, јаглехидратите ви се и повеќе од потребни. Секогаш е подобро да изедете парче леб, порција ориз или компири, наместо енергијата да ја надоместувате со индустриски житни и енергетски плочки.

Она што малкумина го знаат е дека оброкот богат со јаглехидрати е најдобро да се консумира за појадок или за ран ручек (најдоцна до 14 часот), кога метаболизмот е побрз, споредено со попладневните часови. На овој начин ќе успеете да ги согорите во текот на денот.

Истото важи и доколку вежбате. Најдобро е да имате оброк богат со јаглехидрати пред тренингот, бидејќи тогаш ви е потребна повеќе енергија, наместо да надоместувате со калоричен оброк по вежбањето.