Глобалниот коефициент на интелигенција постојано опаѓа

80

Пред многу години, луѓето мислеле дека во 2019 година ќе живееме како во филмовите – со напредни вселенски летала, отпорни градби и наука на високо ниво.

Но, што се случува?

Ние „висиме“ на нашите мобилни телефони, се фотографираме себе со ефекти на зајачки или мачкини уши, гледаме видеа со сечење сапуни и мешање бои…

Со достапноста на образованието и технологијата, нештата требаше да бидат многу поинакви, но како што поминува времето, се чини дека луѓето стануваат сè посмотани, а коефициентот на интелигенција опаѓа и по 7 поени со секоја нова генерација.

Ова е сосема спротивно на ситуацијата од минатиот век, кога со секоја нова генерација, растеше и просечниот коефициент на интелигенција.

Секако, многу други фактори влијаат врз сето ова, како што е и полошата исхрана, стресот и динамичниот начин на живеење.

За да се подобри глобалната ситуација, треба мнозинството од луѓето во светот да решат да направат промена. Но, како тоа треба да се случува, уште никој нема одговор.