Рецепт кој нема да ви го открие ниту еден фармацевт

118

Природен лек за зајакнување на организмот …

Калциумот има многу важни функции во работата на организмот. Освен што создава коскена маса и ја спречува остеопорозата, калциумот ја нормализира работата на мускулите и нервите, ги регулира отчукувањата на срцето, овозможува згрутчување на крвта и го поттикнува сонот.

Постојат бројни фактори кои го исцрпуваат калциумот од организмот, а тоа се првенствено премногу седење, кафиња, алкохолот и газираните пијалоци.

На недостаток на калциум особено се склони бремените жени и жените во менопауза, постарите мажи, како и луѓето кои страдаат од дигестивни нарушувања.

Лушпите од јајца содржат 90 проценти калциум и се најдобриот природен извор на тој минерал. Телото го апсорбира лесно, бидејќи лушпата од јајцата по хемиски состав речиси е идентична со човечките коски и заби.

Во поголеми дози, не само дека ги лекува симптомите на недостаток на калциумот и го запира развојот на остеопорозата, туку, исто така, помага и против високиот холестерол и високиот крвен притисок, а ја стимулира коскената срцевина на производство на крвни клетки.

Освен тоа, лушпата на јајцето содржи железо, бакар, манган, цинк, флуор, фосфор, хром и молибден. Затоа, многу експерти ја препорачуваат мелената лушпа на јајцето како природно и многу ефикасно дополнување на калциумот. Во зависност од животниот период, препорачаната дневна доза е 1,5 до 3 грама од мелената лушпа.

Тироидна жлезда

Лушпи од осум јајца добро да се измијат, исушат, здрбат, да се прелијат со сок од два лимони, и да се остават во фрижидер неколку дена. Кога лушпите ќе се стопат, процедете ја течноста и измешајте со литар ракија и килограм мед. Оставете да отстои седум дена пред употреба. Конзумирајте една лажица, два до четири пати на ден по јадење.

Гастритис, чир

Лажица мелени лушпи од јајца измешајте со лажица шеќер и една лажица мелено мушкатно оревче. Земајте 20 дена, три пати на ден по една лажица.

Измешајте две супени лажици сок од лимон со, на врв на ножот, мелени лушпи од јајца. Кога лушпите ќе се растворат во сокот, додадете еден децилитар топло млеко. Земајте двапати дневно, наутро на празен стомак и навечер пред спиење.

За зајакнување на организмот и чистење на крвта

Лушпите од четири или пет јајца добро измијте ги, здробете ги и ставете во три литри вода. Водата со лушпите чувајте ја во фрижидерот една недела и користете ја како вода за пиење. Секојдневно земајте 2-3 чаши вода со малку сок од лимон.