4. Се поврзувате со старите пријатели
Кога имате партнер, животот и секојдневието ви се потчинети во голема мера со него.Дури и да не сте подготвени да признаете, факт е дека често откажувате средби со пријатели и сакате да останете гушнати на каучот, додека гледате филм. Кога веќе немате партнер, успевате да се сетите за старите и добри пријатели и да продолжите вредни врски.
5. Ќе бидете подобри во следната врска
На крајот на едни односи имате трезна проценка за грешките што сте ги направиле. Имате време да ги разгледате и да ги откриете причинско – последичните односи за нив. Тоа, природно, доведува до подобрување на вашата личност. На овој начин нема да ги дозволите истите грешки со следен партнер.
6. Мотивирани сте да живеете поздраво
Откако сте поминале низ сите ритуали по разделба, сносите поздрав и добар за вас пат.Вистина е дека има нешто во завршувањето на врската што ве тера да се мотивирате да изгледате подобро и да се грижите за себе како внатре така и од надвор.
7. Дознавате за што сте способни
Колку често сте си повторувале дека никогаш не би дозволиле или направиле нешто и активностите ви ги побиле зборовите? Обично разделбите се моменти во кои сфаќате низ што сте поминале и што сте научиле. Дури и да сте си мислеле дека никогаш нема да наидете во дадена ситуација во одреден момент паѓате и тоа ве прави многу посилни како карактер и личност.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















