Едноставни, но многу корисни совети од големиот доктор-фармаколог Сун Сјмјао, кој живеел повеќе од 100 години.
Дури и во поодминати години тој бил исполнет со сили и живот.
Неговиот трактат “Илјада златни рецепти” се користи како енциклопедиска клиничка медицина за неколку генерации лекари. Во секцијата “самоусовршување” се вели:
“Оној кој се усовршува морално, кој твори благородни дела, тој нема да испита страдања од тешки болести или катастрофи.
Ова е еден од најважните принципи за добро здравје, за постигнување на кое сепак се бара долгогодишна работа со самиот себе. Еве какви правила за правилна исхрана нуди докторот. Според него, ако човек не умее да се храни правилно, тој не може да го задржи здравјето.
Суштината е во тоа што главна е растителната храна, а животинската е само дополнување на неа.
Идеално треба да се стремите кон следните пропорции: 70% варени житни производи, 15% варен зеленчук; 5% сурова растителна храна; 5% месо или риба и 5% млечни производи.
Животинската храна може да ја пополнува коскената срж, да ги прави жилите посилни и да ги зацврстува коските, но задолжително треба да се консумира со мерка.
Да постигнете баланс:
► Ако јадеш многу кисело, тоа ја уништува слезината.
► Ако јадеш многу горчливо, тоа ги уништува белите дробови.
► Ако јадеш многу луто, тоа го уништува црниот дроб.
► Ако јадеш многу солено, тоа го уништува срцето.
► Ако јадеш многу слатко, тоа ги уништува бубрезите.