Работи кои понекогаш ги правиме, а на мажите им се одбивни

1944

Инсистираме на статусот на врската

Мажите многу малку трпат емоционален притисок и особено ги иритира фактот дека сакаме тие да се посветат до степен до кој тие се подготвени. А тие ретко кога се подготвени за она што ние посакуваме. Можеби и ние навистина би можеле да се релаксираме малку повеќе и да живееме во сегашен момент и да дозволиме работите да се развиваат со свое темпо – да ги растеретиме и нив и себе од предвремени и прекумерни очекувања.

Манипулираме

Не постои маж кој не доживеал некаква форма на женска манипулација – што не значи дека и тие често не се големи манипулатори – и тие едноставно тоа го мразат. Понекогаш нѐ обвинуваат за манипулација кога само се обидуваме да бидеме тактични и да постигнеме компромис, бидејќи се плашат од манипулација и ја гледаат во сѐ што не им е блиско и јасно. Но, понекогаш тие се во право што држат растојание и гард. Ако сакаме фер, длабоки и стабилни односи, тогаш не играме игри и не манипулираме.

Ние сме несреќни

Кога сме несреќни од самите себе, никаква среќа и задоволство нема да најдеме во врската. Личното незадоволство, несигурност, неисполнетост – сето тоа го внесуваме во врската, ја труеме и ја уништуваме целосно шансата за среќа. За да имаме здрав однос со потполна љубов, потребно е така и да се чувствуваме – самите ние да бидеме здрави и полни со љубов.