-
Операција Спајалица

Втората светска војна беше голем предизвик за светот, но, исто така, и за САД. Секој подобар познавач на историјата знае дека меѓународното однесување по Втората светска војна било, благо кажано, матно. Среде целиот хаос, ЦИА во својата “Операција спајалица” ги ангажирала најдобрите нацистички умови. Целта била да се дојде до научниците од поразената нацистичка Германија. Тие биле најголемите експерти во нацистичката воена индустрија, медицината и одделението за хемиско оружје. Претпоставката е – ако не ги земеме ние, ќе ги земат Русите. Речиси 1.600 талентирани и успешни нацистички научници, доктори и инженери добиле визи, станале американски граѓани и до крајот од својот живот удобно живееле. Некои од научниците кои на тој начин биле регрутирани се ракетни инженери СС – овецот Вернер фон Браун (творец на познатиот нацистички проектил со долг дострел V1 и V-2) и Артур Рудолф, директор на концентрациониот логор, каде што 20.000 Евреи и полски работници починале од претепување, глад и бесење. И двајцата добиле американско државјанство. Под раководство на Вернер фон Браун изградени се во САД неколку нови видови ракетни носачи за летови во вселената, а токму тој е главниот конструктор на Сатурн V, ракета користена во мисиите Аполо за одење на Месечината со човечки екипаж.
Во Америка пристигна лекар и истакнат медицински истражувач Hubertus Strughold. Во Нирнбершкиот суд се извлече без казна сведочејќи против своите колеги, а веќе во 1947 година тој бил префрлен во САД, каде што неколку години подоцна добил американско државјанство. За време на војната тој бил задолжен за обука на лекарите кои вршеле експерименти врз Евреите во концентрациониот логор Дахау. Во САД беше високопозициониран и во воздухопловните сили на САД и во НАСА, изградил голема научна кариера, а познат е и како “татко на вселенската медицина“.
Погледнете го видеото:


















