-
Џејмс Веб Телескоп

Практика било, кои суперсили да финансираат истражување на вселената, без оглед на тоа дали им се допаѓало тоа или не – затоа што тоа е демонстрација на моќ, технологија, и поволни финансии, кои ги издигнуваат над другите. Па, се чини дека таквите проекти не секогаш одат како што е планирано, како што е ситуацијата и со изградбата на Џејмс Веб телескопот, чија изградба започнала пред 20-ина години, и требало да биде подготвен за лансирање во 2007 година, но наместо тоа, беше завршен дури 2017 година. Иницијално, проектот требало да чини половина милијарда долари, но на крајот чинел дури 17 пати повеќе – околу 8,8 милијарди. Сега кога телескопот е подготвен, останува прашањето колку време ќе биде потребно пред навистина да го лансираат – наводно се планира во октомври 2018 година
Продолжува на страна 4


















