Според италијанскиот закон, прекршувањето на правата на потрошувачите може да резултира со казни до 10 милиони евра, во зависност од повредата.
Италијанската агенција за заштита на конкуренцијата објави дека покренала истрага против голем број производители на електрични возила за наводно давање лажни информации за перформансите на возилата.
Истрагата ги вклучува кинескиот BYD, италијанско-американскиот Stellantis, американската Tesla и германскиот Volkswagen.
Како што посочуваат, истражуваат можни неправедни трговски практики поврзани со споделување информации за „опсегот на електрични возила, деградација на капацитетот на батериите и ограничувања на стандардната гаранција на батериите“, што може да доведе до повреда на правата на потрошувачите.
Тие тврдат дека производителите на електрични возила дале „генерички, а понекогаш и контрадикторни информации“ за опсегот на автомобили на нивните веб-страници, без да објаснат кои фактори можат да влијаат на рекламираниот опсег и до кој степен.
За потсетување, батеријата во електричните возила е подложна на надворешни влијанија и од нив зависи нејзиниот употреблив капацитет. Италијанскиот регулатор наведува дека производителите не им дале на потрошувачите јасни и целосни информации на нивните веб-локации за промените во капацитетот на батеријата во зависност од условите на користење, како и информации за ограничувањата во гаранцијата за батериите.
Според италијанскиот закон, прекршувањето на правата на потрошувачите може да резултира со казни до 10 милиони евра, во зависност од повредата.
Stellantis во изјава за медиумите нагласи дека целосно соработуваат со регулаторот и се „уверени дека дале соодветни, прецизни и сеопфатни одговори на нивните прашања“. Другите производители не ја коментираа истрагата.
Извор: Reuters



















