Егзема и псоријаза
Генетските и автоимуни заболувања на кожата како овие можат да предизвикаат чешање во пределот на гениталиите. Чешањето може да е придружено со осип и црвенило. Третманот обично вклучува кортикостероиди и помага за ублажување на непријатноста.
Сексуално преносливи болести
Сексот без заштитни мерки доведува до зголемен ризик од голем број сексуално преносливи болести. Еден куп од нив би можеле да предизвикаат чешање, вклучувајќи кламидија, херпес, трихомониаза, гонореја, кандидијаза.
Лихен склерозус
Ова е сериозна состојба која предизвикува чешање во вулвата. Се појавува во форма на бели дамки на кожата околу вагината и по неа. Кожата може да се задебели. Нема јасна идеја за механизмот на кој настанува оваа болест. Се смета дека е предизвикано од хиперфунцкија на имунолошкиот систем или хормонален дисбаланс.
Хормони
Во различни периоди од месецот, а и од животот во принцип, женските хормони претрпуваат промени. Месечниот циклус, менопаузата, бременоста се уште сериозни фактори кои влијаат врз хормоналниот баланс.
При промени во нивоата на хормоните може да се појави вагинален јадеж.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















