Препораки за заштита од топлина | Еве што треба да направите ако некој до вас одеднаш колабира

1183

Изладете го вашиот дом

  • Обидете се да го разладите просторот во кој живеете. Би било идеално да се задржи собна температура под 32°C во текот на денот и 24°C во текот на ноќта. Ова е особено важно за децата, за лицата над 60 години или луѓе со хронични здравствени проблеми.
  • Користете го поладниот ноќен воздух за да го разладите вашиот дом. Ако е можно, отворете ги сите прозорци или кренете ги ролетните во текот на ноќта и раните утрински часови, кога надворешната температура е пониска.
  • Намалете го количеството топол воздух во внатрешноста на станот или куќата. Во текот на денот, затворете ги прозорците и спуштете ги ролетните, особено оние со кои се свртени кон сонцето. Исклучете ги сите вештачки светла и што повеќе електрични апарати во вашиот дом.
  • Поставете заслони, драпери или завеси на прозорците што го добиваат утринското или попладневното сонце. Распослите влажни крпи во просторијата. Но, запомнете дека со тоа се зголемува влажноста на воздухот.
  • Ако имате климатизација, затворете ги вратите и прозорците за да не трошите повеќе енергија отколку што е потребно. Прилагодете ја температурата така што да не е пониска од 7˚C од надворешната.
  • Електричните вентилатори можат да обезбедат олеснување и освежување, но ако температурата на воздухот е над 35˚C, тоа нема да спречи здравствени проблеми поврзани со големата горештина. Но ќе помогне да го смените воздухот побрзо кога во вечерните саати ќе го ладите вашиот дом со циркулирање на свеж воздух.

Важно е да пиете доволно течности, бидејќи со потење губиме повеќе течности, што доведува до дехидрација и зголемен вискозитет на крвта, што може да предизвика тромбоза, мозочен удар или срцев удар.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 4