Најстариот рунски камен досега пронајден во Норвешка | Рунолозите веруваат дека може да биде стар околу 2000 години

695
Најстариот рунски камен пронајден во Норвешка.

Најстариот впишан рунски камен досега е пронајден во Норвешка за време на ископувањето на антички гробишта западно од Осло.

Норвешките археолози веруваат дека го пронашле најстариот рунски камен на светот испишан пред речиси 2.000 години, што го прави неколку стотици века постар од претходните откритија.

Квадратна кафеава карпа од песочник, со димензии околу 30 x 30 сантиметри, беше пронајдена за време на ископувањето на антички гробишта на крајот на 2021 година во Тирифјорден, северозападно од Осло. Гробиштата беа ископани за да може да се изгради пруга над таа локација.

Сонот на секој рунолог

Јаглеродното датирање на коски и дрва пронајдени во гроб до карпа испишана со руни сугерира дека е испишано некаде помеѓу 1 и 250 година од нашата ера, објави Норвешкиот музеј за културна историја во Осло. Обично подигнати на гробови, особено во ерата на Викинзите, руните биле камења испишани со рунски букви, најстарата азбука позната во Скандинавија.

Од споменатиот музеј посочуваат дека наведеното откритие е сон за руниколозите кои ги проучуваат древните рунски букви, натписи и нивната историја, со оглед на тоа дека карпата можеби потекнува од периодот во кој живеел самиот Исус Христос.

Најстариот рунски камен пронајден во Норвешка.

“Тоа е уникатно откритие”

Мислевме дека првите се појавиле во Норвешка и Шведска во 300 или 400 година од нашата ера, но се покажа дека некои камења од руни би можеле да бидат дури и постари отколку што претходно се верувало. Тоа е уникатно откритие, изјави рунологот Kristel Zilmer за норвешката новинска агенција NTB.

Како всушност настанале рунските камења, односно од кое потекло се овие камења, сè уште е главно мистерија за рунолозите.

Преведен на латински, натписот на руната Тирифјорден го формира непознатиот збор „идиберг“, веројатно упатување на покојникот во гробот.

Овој рунски камен ќе биде изложен во Музејот за културна историја во Осло од 21 јануари до 26 февруари годинава.