Држете се настрана од топлината
- Засолните се во најстудената просторија на вашиот стан или куќа, особено ноќе.
- Ако станот и куќата не можете да ги држите разладени, поминете два до три часа на ден на ладно место (на пример, во разладена јавна зграда).
- Избегнувајте излегување во најжешкиот дел од денот.
- Избегнувајте напорна физичка работа. Ако треба да работите напорно, направете го тоа во најладното време од денот, што е обично помеѓу 4 часот наутро и 7 часот наутро и по 17 часот попладне.
- Побарајте сенка.
- Не ги оставајте децата или животните во паркираното возило.
- Редовно користете производи со заштитен фактор против штетното УВ зрачење. Посебно внимание треба да се посвети на новороденчињата и малите деца. Тие треба да користат заштитна опрема со најголем фактор (> 30) и да носат лесна облека која исто така ќе ги штити од УВ зраци.
- Прилагодете ја вашата изложеност на сончево УВ зрачење земајки ги во предвид дневните промени на вредноста на УВ-индексот.
- Ако возите, избегнувајте патувања во најтоплиот дел од денот.
Помогнете им на другите
- Посетете го семејството, пријателите и соседите кои поголемиот дел од времето го поминуваат сами. Чувствителните и тешко подвижните луѓе имаат потреба од ваша помош за време на топлите денови.
- Разговарајте за топлотниот удар со семејството. Секој член на семејството треба да знае какви мерки на заштита мора да преземе во однос на неговата здравствена состојба и активности.
- Ако некој што го познавате е изложен на ризик, помогнете му да добие совет и поддршка. Старите лица и пациентите што живеат сами треба да се посетуваат најмалку еднаш дневно.
- Ако овие луѓе земаат лекови, проверете со нивниот лекар какво влијание можат да имаат овие лекови врз терморегулацијата и рамнотежата на течностите во телото.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 5



















