Предупредување | ‘Коронавирусот се шири со ослободување на гасови, секогаш со гаќи на јавно место!’

325

Извештаите за заразените гасови првпат се појавија во Австралија минатата година, а доказите за пренесување на Ковид на тој начин сега, наводно, растат.

Ако никогаш порано, сега е време да престанеме да ги пуштаме гасовите во друштво на други луѓе. Имено, коронавирусот е присутен во цревата и може да се пренесе со гасови во мали затворени простори како што се јавните тоалети.

Експертите претходно укажуваа на докази кои ја поддржуваат оваа теорија, иако британските власти сè уште не нарачале истражување на оваа тема, пишува престижниот The Telegraph. Тие велат дека постојат генетски докази за пренесување на вирусот кај луѓето кои биле во истиот дел од тоалетот во Австралија.

Дали ризикот од инфекција на овој начин е висок?

Портпаролот на премиерот Boris Johnson изјави дека тој не е известен за тврдењата дека вирусот може да се шири со гасови, но увери дека „овие најнови научни докази се држат под контрола“. Прашањето, сепак, е дали ризикот од ширење на коронавирусот со со гасови е голем?

Па, и не баш; затоа што очигледно носиме облека над овие делови, т.е. гаќи и некои панталони, да речеме – овие слоеви веќе помагаат во филтрирање на штетните честички. Затоа, не грижете се, многу е малку веројатно дека ќе се заразите ако некој до вас пушти гулаб на слобода.

Траги на вирусот откриени во канализација

Извештаи за заразени гасови првпат се појавија во Австралија минатата година кога Norman Swan, австралиски лекар, искажа совет: „Не ги пуштајте гасовите голи“

Трагите на вирусот се откриени во канализацијата уште во времето на пандемијата; во Велика Британија, официјалните лица започнале програма за анализа на отпадните води уште во мај, а програмата сега опфаќа две третини од англиската популација.

Ова помогнало да се откријат локалните инфекции или присуството на поопасни соеви кои можат да бидат поврзани со локалните заедници преку систем за одводнување на отпадни води. Д-р Jenny Harries, директор на британската агенција за здравствена безбедност, ја опиша програмата како „дополнителен систем за откривање на вируси“.