3. Разговарајте
Недостатокот на комуникација помеѓу паровите е причина за многу разводи и расипани врски. Креветот е совршено место каде што може да споделите со партнерот нешто интересно од денот, да разговарате за некоја тема или едноставно да си кажете неколку мили зборови. Ситуацијата е предиспонирачка за интимност и нежност, и обично по пижами во кревет човек се чувствува ранлив и е отворен кон тоа да споделува и да го сослушува другиот. Искористете од тоа!
4. Допирајте се
Допирот е многу важен и е знак на близина. Не е потребно секој ваш допир да биде предочен за секс. Може да е гест на нежност и љубов, кој другиот треба да го чувствува.Допирање на саканиот води до зголемување на хормонот оскитоцин во телото, наречен уште хормонот на среќата.
5. Бакнување за добра ноќ
Како да си посакаме добра ноќ? Па, тоа е моментот во кој мора да се сеќаваме да го бакнеме саканиот.Тоа е гест на емоционална и физичка интимност, кој помага за зајакнување на врската.Обидете се и ќе видите како односите ви се менуваат драстично на подобро.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















