Познатиот јапонски учител, Макото Шичида советува | Вака детето се прави генијалец!

2254

Игра со карти

Набавете што повеќе карти со различни слики. Покажете му ги картите брзо, не подолго од една секунда, доволно за да каже што има на нив. Оваа брзина ќе ја активира десната страна на мозокот, а кажувањето на она што е на картата ја вклучува и левата, така што тие се синхронизираат.

Фотографска меморија

За таа цел, ви требаат слики кои се малку различни една од друга. За секунда покажете му на детето една од нив, а потоа и двете, и прашајте го што видел.

Пејте

На крајот на учењето, повторно можете да ја отпеете вашата омилена песна. Вежбајте вкупно 30-40 минути на ден, а остатокот од времето оставете го детето да се игра.

НАПОМЕНА!

Проучувањето на броеви, букви и други активности кои го стимулираат предвремениот развој на левата страна на мозокот оставете го за возраст од 3-4 години. Научете го да игра игри улоги со различни играчки што ја развива мечтата која многу е корисна. Сонувајте со него, замислувајќи како ќе одите на море или во зоолошка градина. Користете едноставни реченици за да опишете што ќе направите и што ќе видите. Научете го да јаде и црта со двете раце.