Физичката активност на децата е поврзана со подобар успех во училиштето, особено кај момчињата, покажало финското истражување.
Научниците утврдиле дека момчињата со високо ниво на физичка активност имале најдобри резултати во аритметиката и читањето во првите три одделенија.
Активностите вклучуваат пешачење и возење со велосипед до училиште.
Авторите на студијата, објавена во списанието PLoS One, наведуваат како нивото на активностите на децата сѐ повеќе се намалува, а во зголемување се седечките навики како што е гледање телевизија, особено во развиените земји.
И поранешните истражувања покажале дека слабата физичка активност е поврзана со послаб успех во училиште.
Во оваа студија се следени 186 фински деца во првите три години на школувањето. Децата кои биле физички поактивни во текот на училишните празници имале подобри резултати во читањето, а оние кои поактивно биле вклучени во училишните спортски настани подобри резултати во аритметиката.
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување



















