Цимет
Иако овој ароматичен зачин почесто се додава кон пијалоци и слатки, тој може да биде добра замена за солта во храната. Исто така циметот ќе помогне и за регулирање на шеќерот во крвта, кој обично после јадење е повисок. Интензивната арома на зачини е одлична за овкусување на солени јадења како пилешко со кари пример.
Кардамон
Кардамонот е зачин од семејството на ѓумбир. Има деликатен вкус и мирис и уште при првото зачимување на храната нема да се почувствува недостаток на сол. Исто така кардамонот ги намалува мускулните болки, спорведува детоксикација, делува антивирусно и го намалува крвниот притисок. Додавајте од него кон ориз, јадења со сос и месо, супи.
Лути пиперки
Топлиот и зачинет вкус кој го остават лутите пиперки, кога ги конзумираме, можат да ја заменат солта во храната. Покрај тоа, тие имаат анти-воспалителни својства и помагаат да го согориме поефикасно вишокот калории.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















