Потребно
4 модри домати
100 гр ориз
1 морков
100 гр кашкавал
100 гр брокула
3 лажици масло
1 црвен патлиџан
сол
бибер
2 домати
1/2 целер
Подготовка
Модрите домати исечете ги по должина на половина и извадете ја внатрешноста од нив.
Ставете им солена вода, па истурете ја.
Морковот, целерот, кашкавалот, шунката и доматите исечете ги ситно, пропржете ги, па додадете го и оризот со малку вода и зачинете.
Полнете ги модрите домати и печете ги во подмачкана тава со масло на 200 степени околу 10 минути.



















