Летото е тука, градските гужви веќе ги заменивме со плажи, а многу од нас сепак не се задоволни со линијата која ја имаат кога се во костим за капење.
Како помош да ја остварите целта и да ги стопите и најупорните масти во телото, ви предлагаме 4 пијалаци.
Состојките ќе ви го прочистат организмот, па затоа одберете го омилениот рецепт и вметнете го во секојдневната исхрана.
Грејпфрут и јаболков оцет
Важно е да одберете квалитетен оцет и пијалакот да го пиете пред секој оброк, по 1 чаша.
Се подготвува од следниве состојки:
- Шолја сок од грејпфрут
- 1 лажица јаболков оцет
- ½ шолја чај од нане



















