Еве како да ги наострите ножиците
Земете парче фолија, преклопете ја и пресечете со тапите ножици. Остатокот од фолијата повторно преклопете ја, и пак пресечете ја со ножиците. Повторете го ова неколку пати и ножиците повторно ќе бидат остри.
Добра е за чистење садови
Ако немате жица за триење садови , земете алуминиумска фолија. Едноставно направите од неа топка со големина која удобно ќе ви седи во рака и па со неа истријте ги садовите или некоја друга површина каде што се наоѓаат наслаги од храна и нечистотија. Исто така, е одлична за чистење скара.
За повеќе топлина од радијаторите
Зад радиаторите, особено зад оние кои се наоѓаат надворешните ѕидови (под прозорецот), поставете ја алуминиумската фолија така што сјајниот дел да е свртен кон радијаторот. На тој начин протокот на топлината ќе биде насочен кон собата и во вашиот дом ќе биде потопол.
Го подобрува Wi-Fi сигналот
Ако вашиот сигнал е слаб, посегнете по алуминиумската фолија. Земете парче, преклопете го и ставете го зад Wi-Fi антената. Сигналот ќе се одбива од фолијата и ќе доаѓа до вас.
Еве како да го направите ова:
Продолжува на страна 3


















