Моќта на флавоноидите ! Со разновидна исхрана можете да го продолжите вашиот живот

449

Едноставна дневна навика во исхраната може да го намали ризикот од хронични заболувања, сугерира ново истражување.

Поширок спектар на храна богата со флавоноиди во дневната исхрана, не само поголеми количини на неколку од нив, може да биде клучен за подолг живот и помала инциденца на болести, покажа ново истражување.

Меѓународен тим научници анализирал нутритивни податоци на 124.805 возрасни лица од Велика Британија, над 40 години. Истражувањето се фокусирало на поврзаноста помеѓу внесот на флавоноиди (растителни соединенија) и здравствените резултати со текот на времето.

Најчести извори на флавоноиди биле црниот и зелениот чај, кој го консумирале две третини од испитаниците, по што следуваат јаболка, бобинки, темно чоколадо, грозје, портокали, мандарини, црвено вино и сок од портокал.

Веќе некое време знаеме дека поголемиот внес на флавоноиди во исхраната, моќни биоактивни соединенија кои природно се наоѓаат во многу видови храна и пијалоци, може да го намали ризикот од срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и невролошки состојби како што е Паркинсоновата болест, вели Aedín Cassidy, нутриционист на Универзитетот Квинс во Белфаст и коавтор на студијата, објавена во списанието „Nature Food“. Но, новите податоци сугерираат дека разновидноста во внесот е подеднакво важна, ако не и повеќе, открива студијата.

Разновидноста е клучна

Испитаниците со најразновидна комбинација на флавоноиди имале 6-20 проценти помал ризик од дијабетес тип 2, рак и невродегенеративни заболувања во споредба со оние чија исхрана била помалку разновидна. Оние кои консумирале околу 500 милиграми флавоноиди дневно, приближно колку што се наоѓа во две чаши чај, имале 16 проценти помал ризик од вкупна смртност и 10 проценти помал ризик од кардиоваскуларни, респираторни и метаболички заболувања.

  • Тоа е отприлика количината на флавоноиди што би ја добиле од две шолји чај, рече Benjamin Parmenter од Универзитетот „ЕEdith Cowan“ и еден од авторите на студијата.

  • Со консумирање овошје и зеленчук во различни бои, вклучувајќи ги и оние богати со флавоноиди, поголема е веројатноста да ги добиете витамините и хранливите материи потребни за поздрав начин на живот, додаде Tilman Kuhn од Медицинскиот универзитет во Виена, исто така еден од авторите на претходно споменатото истражување.

Извор: Science Alert