По три години го победил ракот со кој се борел повеќе од половина живот

1917

Мајката објавила фотографија за да покаже колку ракот на детето го менува целото семејство.

“На сестричето не ѝ било јасно што се случува, само дека нешто не е во ред со нејзиниот брат, нејзиниот најдобар пријател”.

На Beckett Burge му беше дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија во април 2018 година. Една година подоцна, мајката објавла фотографија која го обиколи светот. На неа се гледа како за четиригодишниот Beckett се грижи неговата сестра Aubrey (5) додека повраќа преку тоалетна школка по извршена хемотерапија.

“Нејзиното весело братче одеднаш се умори”

“На некои ќе им биде болно да го видат и прочитаат ова. Моите две деца, со разлика од само 15 месеци, од заедното играње во градинка дојдоа до заедничко седење во студената болничка соба. Мојата ќерка, тогаш четиригодишна, виде како нејзиниот брат го преместуваат од соба за итни случаи до одделот за интензивна нега. Виде и лекарите како го бодат со игли и сонди, како го пумпаат со лекови додека тој лежи беспомоно. Не била свесна што се случува, само знаела дека нешто не е во ред со нејзиниот брат, нејзиниот најдобар пријател. Еден месец откако е отпуштен од болница, таа го гледала како се мачи да оди. Веселиот брат каков што го знаела сега е тивок, болен и многу уморен”, напишала таа, истакнувајќи дека никој не ги подготвил за тоа колку ракот кај децата го менува целото семејство.

Но, долгата битка е победничка. Becket, кој се борел со ракот повеќе од половина од својот живот, го помина последниот круг на хемотерапија, а пред две недели тестовите покажале дека ракот е готов.

“Мојот воин, мојот победник”

“Влезе неговиот онколог и рече: ‘Нема повеќе хемотерапија – завршивме. Се ослободивме од сѐ’. Beckett е шокиран. Неговите очи светнаа, тоа оној горчливо-сладок момент”, вели мајката.

“Тој сѐ уште малку се мачи. Резултатот од хемотерапијата е болка во нозете, но во целина тој е среќен”, заклучи мајката.

Сепак, останува доза на страв.

“Мислите дека ќе бидете среќни, но сега тоа изгледа застрашувачки затоа што не можете повеќе да продолжите со хемотерапија, која делува како верување дека ракот ќе се држи настрана”, рече Kaitlin.