Овие три хороскопски знаци најлесно можете да ги повредите

119

Некои хороскопски знаци се цврсти како карпи. Но, кои се оние чии нежни чувства најлесно може да ги повредите?

Рак

Можеби најчувствителниот хороскопски знак. Колку сакаат да примаат љубов, толку многу сакаат и да ја даваат. Без разлика дали потекнува од семејство, пријатели или партнери, тие навистина уживаат во љубовта и ако не им е возвратена, може да бидат длабоко повредени. Најдобар начин да сеоднесувате кон Ракот е едноставно да не ги изневерите неговите чувства.

Скорпија

Скорпиите всушност имаат многу меко срце, без оглед како изгледаат. Само за да избегнат да бидат повредени, тие ги кријат своите чувства. Тие не сакаат да бидат одбивани и ако се чувствуваат на тој начин, тогаш тоа може да биде голем проблем. Може да обрне внимание дури и на најмалите детали. Ќе забележат ако ги користите, дури и кога мислите дека не знаат.

Риба

Рибите длабоко веруваат во лојалноста, па затоа ќе ви дадат сè што имаат, но за возврат го очекуваат истото. Никогаш не можете да бидете „на половина пат“ со нив, и бидејќи тие се сонувачи, честопати се случува да имаат нереални очекувања. Ова е причината зошто тие се толку ранливи – ако не сте подготвени да им дадете сè, подобро е дури и да не стапите во контакт со нив.