Овие намирници содржат најмногу Ц витамин

837

Збогатете ја вашата исхрана со намирници богати со витамин Ц, што според некои истражувања може да му помогне на имунолошкиот систем да се одбрани од настинки и грип.

1. Чили пиперчиња

Половина шолја сечкана чили пиперка содржи 107,8 мг витамин Ц. Покрај тоа, научниците од Универзитетот во Бафало открија дека капсаицинот, состојка што ги прави лутите чили пиперки, може да помогне во ублажување на болките во зглобовите и мускулите.

2. Црвена пиперка

Чаша сечкана црвена пиперка содржи речиси три пати повеќе витамин Ц од портокалот – дури 190 милиграми. Црвената пиперка е и одличен извор на витамин А, кој го штити здравјето на вашите очи.

3. Зелена пиперка

Една шолја сечкана зелена пиперка содржи помалку витамин Ц од црвената пиперка, но со количина од 120 мг сепак сочинува 200 проценти од препорачаната дневна доза. Зелената пиперка е исто така одличен извор на влакна.

4. Кељ

Покрај двојно повеќе од препорачаната дневна доза на витамин А и седум пати поголема од препорачаната количина на витамин К, порција од една шолја кељ обезбедува 80,4 милиграми витамин Ц. Кељот содржи и значителна доза на минерали и масни киселини.

5. Брокула

Брокулата има 132 мг витамин Ц. Покрај тоа, студиите покажуваат дека брокулата помага во спречување на рак.

6. Папаја

Истражувањата покажуваат дека јадењето папаја помага при проблеми со синусите, ја осветлува кожата и ги зајакнува коските. Порција од една чаша содржи 88,3 мг витамин Ц.

7. Јагоди

Една шолја од ова овошје содржи 84,7 мг витамин Ц и здрави дози на фолати, како и други супстанции добри за вашето здравје. Уште една неочекувана придобивка од јагодите, а тоа е дека тие помагаат при природно избелување на забите.

8. Карфиол

Без разлика дали ќе го печете или на пареа, мала главица карфиол ви дава 127,7 мг витамин Ц, 5 грама влакна и 5 грама протеини.

9. Прокељ

Полни се со фитонутриенти и растителни влакна кои го спречуваат ракот, а да не зборуваме дека содржи и 74,8 мг витамин Ц. Доколку ве одврати горчливиот вкус, испечете ги за да имаат посладок вкус.

10. Ананас

Покрај 78,9 мг витамин Ц, ананасот содржи бромелаин, ензим кој помага во разградување на храната и намалување на надуеноста. Бромелаинот, исто така, делува како природен антиинфламаторно средство кое може да ви помогне да се опоравите побрзо по напорниот тренинг.

11. Киви

Една порција киви (околу две парчиња) има 137,2 мг витамин Ц. Кивито е исто така богато со калиум и бакар.

12. Манго

Внесувате 122,3 мг витамин Ц со јадење манго. Мангото е исто така одличен извор на витамин А, кој, како и витаминот Ц, игра клучна улога во зајакнувањето на имунитетот и одржувањето на здравјето на очите, пишува „Health.com“.