Со потенцијал за вистинско летно музичко освежување на нашата мкд сцена, песната “Безобразно” конечно деновиве добива своја промоција, во која се раскажува интересна приказна за една девојка како блефира и заведува двајца дечковци.
Приказната има интересен сплет и убави моменти, а тоа што е безобразно ќе го дознаете кога ќе го погледнете видеото.
Спотот е сниман уште пред да започне пандемијата, но се се одложуваше и конечно се решивме да го пуштиме бидејки летото ќе ни помине
Се снимаше во Охрид во преубав и атрактивен хотел велат Роберт и Дејан.
Текстот е на Дејан и Роберт, музиката и аранжманот се на Гоце Симоноски.
За стајлингот на видеото се погрижи добро познатата Викторија Бурсаќ, која веќе долг период се грижи за многу познати личности на естрадата и шоу биз како кај нас така и во соседството.
Во видеото женската улога и припадна на младата и убава манекенка Елена Ѓорговска.
Наскоро може да очекувате нешто ново, се надеваме дека ќе им се допадне нашата песна на луѓето низ насмевка ни порачаа Wolf i Deks.