Ова е рецепт за здравје и убавина | Еве зошто треба да се пие многу вода!

2653

Експертите нѐ предупредуваат речиси секој ден на тоа да не забораваме да испиеме осум чаши вода на ден, а ако правиме физичка активност, треба да се пијат дури и повеќе.

Најмалку два литра вода на ден е рецепт за здравје и убавина. Експертите нѐ предупредуваат речиси секој ден да не забораваме да пиеме осум чаши вода на ден, а ако правиме физичка активност, треба да пиеме уште повеќе. Водата го чисти телото од внатре, а нашата кожа и коса ги прави еластични и убави. Дехидратацијата може да биде причина за многу сериозни здравствени проблеми. Покрај тоа, постојат неколку причини зошто не треба да ги игнорираме експертите, кога тие велат: Пијте доволно течности!

  1. Спречува дебелеење

Ако мислите дека од водата само ќе се “надувате”, не сте во право. Пиење доволно вода дневно помага да го испополните својот желудник и ќе ви помогне да јадете помалку, ако имате голем апетит. Водата ќе го исчисти телото од внатре, а експертите советуваат кога ќе се почувствувате гладни, испијте една чаша вода и причекајте со јадењето околу десет минути.

  1. Го чисти организмот

Навикнете се да пиете една чаша вода по будењето наутро на празен стомак. Тоа му помага на организмот да ги исфрли сите токсини задржани во телото во дебелото црево.

  1. Делува на кожата

Кога телото е дехидрирано, на секој можен начин ќе се обидете да ˝ја заштедите˝ водата. Затоа, во отсуство на течности во телото, ќе имате сува и помалку флексибилна кожа, темни подочници и суви усни.

  1. Помага во создавањето на нови клетки

Нашето тело речиси секојдневно создава нови клетки и пиењето на водата помага во нивното производство. Затоа пиење чиста вода помага и после вежбање. Освен што со тоа ќе ја надоместите течноста која сте ја изгубиле преку потењето, ќе помогне и во “опоравувањето” на мускулите по напорниот тренинг.

  1. Запира главоболка и лекува некои инфекции

Имате силна главоболка? Најчесто е предизвикана од дехидрација за која не сте ни свесни. Тестираниот рецепт за намалување на болката е да се испие многу вода. Болката ќе исчезне наскоро. Кога сте болни, често доаѓа до дехидрација, па чаша или две од водата може да помогне во побрзо закрепнување.

Ако не можете да се натерате да пиете доволно вода на ден, обидете се водата да ја замените со храна. Бројно овошје и зеленчук се богати со вода. Лубеницата, папајата, краставицата и целерот се само некои од нив. Со нивната потрошувачка не надоместувате само вода, туку и натриум и калиум кои се многу корисни во спречувањето на дехидрација.