Online ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ

1990

За километрите се вели дека се само бројка, а за разделеноста дека е најголемото искушение за љубовта. Тест да знаете дали некому недостасувате, дали некој ќе ве заборави…

Но кога имате вистинска љубов, вистински пријатели тие никогаш нема да дозволат да бидете заборавени, осамени… Токму таков пријател е Intermezzo Music Bar, првиот музички бар во земјава од каде по повод големиот христијански празник Велигден подготвија преубав празничен концерт под мотото – Разделени, но обединети. Легендарни имиња, незаборавни хитови, безвременски рефрени…

Бидете дел од овој онлајн концерт и уживајте во рефрените на Јаков Дренковски, Дарио, Бени – Нон стоп, Пере Нокаут, на дел од членовите на Меморија и, секако, неизоставниот Џина Папас Џокси и неговиот евергрин „На Велигден“.

Не заборавајте 15 часот е резервиран за многу љубов и квалитетна музика. Концертот можете да го следите на

Инстаграм: Intermezzo_musicbar

Фејсбук: Intermezzo music bar

Јутјуб: Intermezzo music bar

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.