
-
Да барем не работев толку многу
- “Ова ми го кажаа сите машки пациенти што ги негував. Тие не ги гледале своите деца како расат и тoлку времe биле разделени од сопругите, што на смртната постела жалат за тие одлуки. Знам дека жените жалат поради истите причини, но најчесто тоа го велат постарите мажи. Всушност, многу од моите пациенти биле домаќинки. А сите мажи што ги негував се каат што имаат поминато многу време во правење пари”, пишува таа.
-
Посакувам да живеев како што сакав, а не како што сакаа другите
- Ова е најчестата причина за жалење на мнозинството луѓе кои умираат, вели Bronnie. “Посакувам да имав храброст да го водам животот во согласност со самиот себе, наместо што живеев на начин на кој другите очекуваа”, ѝ кажаа на Bronnie многумина во својата смртна постела.
Кога ќе сфатат дека на нивниот живот му доаѓа крај и кога јасно ќе го согледаат, лесно е да се види колку соништа остануваат неисполнети поради стравот или притисокот на животната средина.
“Повеќето луѓе ниту половина не успеале да ги исполнат своите соништа, а умираат знаејќи дека тоа е така заради одлуките кои тие самите ги донеле или не ги донеле. Здравјето носи слобода за која многу малку луѓе се свесни, сѐ додека не ја изгубат.”
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















