Капа варијанта (B.1.617.1)
Првпат е откриено во Индија во октомври 2020 година, а како варијанта на интерес е обележана на 4 април. Верзијата е откриена во најмалку 52 земји и 31 сојузна држава, соопшти Универзитетот Stanford. Од 24 јуни, капа варијантата учествува со помалку од 0,5% од сите анализирани секвенци на SARS-CoV-2 од моментот кога се појави.
Според извештајот на CDC на 12 мај, Капа има седум до осум мутации на протеинскиот шилец. Две од овие мутации, наречени L452R и E484Q, се наоѓаат на доменот за врзување на протеинските рецептори. Овие две мутации му помагаат на вирусот поцврсто да се закачи на рецепторите на ACE2 на човечките клетки. Се смета дека друга мутација на протеинот – D614G – го прави вирусот попренослив, додека таканаречената мутација P681R на протеинот може да биде одговорна за отпорноста на таа варијанта на антителата, објавија истражувачите во изданието на bioRxiv на 17 јуни.
Оваа варијанта е потенцијално пренослива и нешто помалку подложна на mRNA вакцините во споредба со оригиналниот вид на вирусот. Вакцините на mRNA против Ковид 19 (Moderna и Pfizer) не се толку ефикасни во неутрализирањето на оваа варијанта, се вели во дописот објавен на 7 јули во The New England Journal of Medicine. Сè уште не е јасно што значи ова за ефикасноста на вакцината против лесен, умерен или тежок Covid 19.
Ламбда варијанта (C.37)
Варијантата ламбда, позната и како C.37, за прв пат е откриена во Перу во август 2020 година. На 14 јуни, Светската здравствена организација (СЗО) го идентификува C.37 како глобална варијанта на интерес и го нарече ламбда. Досега, ламбдата е откриена во 29 земји, со високо ниво на ширење во земјите од Јужна Америка. Во последните месеци, варијантата е откриена во 81% од случаите на Ковид 19 во Перу кои биле подложени на генетско секвенционирање и 31% од случаите во Чиле кои биле подложени на генетско тестирање.
Некои од мутациите може да го зголемат преносот на вирусот или да ја намалат способноста на одредени антитела да го неутрализираат или деактивираат вирусот. На пример, ламбдата има мутација позната како F490S што е во доменот на врзување на рецепторот на шилестиот протеин (RBD), каде што вирусот најпрво се прикачува на човечките клетки. Една статија објавена во јули во списанието Genomics го идентификуваше F490S како веројатна мутација што може да избегне вакцини, да го направи вирусот позаразен и да ја наруши способноста на антителата генерирани од вакцината да препознаат варијанта.
Дали вакцините делуваат? Во моментов нема докази дека оваа варијанта предизвикува посериозна болест или ги прави тековно користените вакцини помалку ефикасни, според Public Health England.


















