Нутриционистите откриваат како тие и нивното семејство излегуваат на крај со здодевните настинки и грипот

1902

Здрави навики

– Се обидувам да спијам седум часа и да се раздвижам во утринските часови, не пушам, многу ретко пијам алкохол, јадам три до четири оброци дневно пијам најмногу вода и тоа различни видови, според потреба. Се среќавам со добри луѓе и секој ден учам и читам – вели таа.

Нутриционистката, исто така, вели дека ужива во ритуалот утринското кафе и така го започнува денот. За енергијата и нормалното функционирање најважно е да не се прескокнува појадокот, кој е често и остаток на вчерашниот ручек. И многу ѝ е важно во текот на денот, што многумина забораваат, да пие доволно вода.

– Забележувам дека честопати се потценува моќта на водата како “енергетски пијалак”. Водата влијае на физичките и когнитивните способности, па главоболката и забавеноста може да биде знак на недоволно внесување на вода. Намалената количина и потемните нијанси на урината, како и нередовното варење, исто така, укажуваат на можно недоволно внесување на вода. А сето тоа се одразува на нашата енергија”, рече таа.

Најголеми непријатели на имунитетот и како да се победат

Имунолошкиот систем е веројатно најкомплексен систем во организмот, со главна задача на идентификување и неутрализирање на различни патогени од околината, но, исто така, и борбата против сопствените клетки кои поради некоја причина се промениле. Нашиот најголем имунолошки орган се цревата, а правилната исхрана базирана на храна богата со хранливи материи со доволно растителни влакна ќе делува позитивно и на цревната микробиота, која заедно со нашиот имунолошки систем влијае на отпорноста на организмот.

Лошата исхрана и хигиена, хроничниот стрес и недостатокот на сон имаат негативно влијание врз нашиот имунолошки систем. Затоа, добрите хигиенски навики, правилната исхрана, доволното спиење и добро управување со стресот, се сојузници на нормалното функционирање на имунолошкиот систем.

Најчести заблуди

Честа заблуда е самата интерпретација на терминот “здрава исхрана”. Оброците треба да бидат соодветни на индивидуалните потреби на индивидуата според неговата здравствена состојба, возраста, полот, активностите и др. Истата личност во текот на животот има различни потреби за исхраната, па затоа треба да се прилагоди и да препознае кога нешто нѝ одговара, а кога е време за промена.

Науката за исхрана е млада и интензивно се развива, но потребно е да се знае да се протолкува и да се стави во соодветен контекст.

Луѓето се преполни со информации, но не ги разбираат најосновните концепти, како што се енергетската вредност на протеините, јаглехидратите и мастите, како и самиот дигестивен процес … Тука е почеток на разбирањето за правилната исхрана.

Грешки во изборот на намирници

Изборот на храна во голема мера зависи од поединечните ставови, верувања, географска локација, економски можности, па така навиките што се добиваат се многу тешки за промена.

Ако сте склони да купувате секогаш исти намирници, советува да се одлучите секоја недела да пробате нешто ново.

– Корисно е да се знае да се готви, бидејќи така сами избираме состојки. Би било добро менито да не е монотоно, но различно во боја (овошје и зеленчук), вкусови (со користење на различни зачини), текстури (комбинација на меко, тврдо, крцкаво), форма (атрактивна и забавна) и начинот на подготовка на храната (готвење, динстање, печење и пржење најмалку) – заклучува нутриционистката.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување