ПО НОВА ГОДИНА …
Ние не очекуваме ништо.
Ниту пресврт, ниту знак, ниту почеток. Само продолжување.
Да не нè напуштат раце што знаат колку тежиме кога ќе замолчиме.
Да не мораме да објаснуваме зошто понекогаш ништо не ни се слави.
Да имаме каде да седнеме кога ќе се истрошат зборовите.
И некој што ќе остане без да праша што ќе стане од нас.
Ако ова е новата година — нека помине тивко.
Нека биде нежна кон сите нас. Ние ќе бидеме тука.



















