Папокот (за дамите)
Ако една жена стави прст во папокот, таа може да забележи чувство во својот клиторис. Објаснувањето според WebMD: папокот и клиторисот се од иста ткаенина и се невролошки поврзани. Обидете да го лижете папокот на својата сакана, за да ја тестирате нејзината реакција. Ако пак тоа не ви се чини како сосема добра идеја – придвижете се на 7-8 сантиметри јужно. Таму се наоѓаат специјални точки на задоволство, чија стимулација исто би ѝ се допаднала на жената.
Нозете (стапалата за мажите и прстите за жените)
Има реална врска помеѓу вагината и прстите. Токму поради оваа причина дамите инстинктивно стегаат прсти кога добиваат оргазам.
Долниот дел на грбот (за жените)
Ова место е одличен извор на задоволство, кој може да биде стимулиран со масажа или пак бакнежи. Според специјалистите притисокот во оваа област од женското тело може да помогне за постигнување на врвот.
Ушите
Тие се ерогена зона и за двата пола, под услов да знаете на кој начин да си “играте” со нив.
Внатрешниот дел зад колената
Бакнежите во овој дел од телото би ја натерале вашата партнерка да се почувствува исклучително добро во кревет. Ако пак сакате да овозможите задоволство на вашиот маж, стимулирајте ја оваа неочекувана ерогена зона, обидувајќи се нежно да го допирате токму во оваа област.
Скалпот (за жените)
Скалпот е друга интересна ерогена зона. Масажата на скалпот го ослободува хормонот окситоцин. Тој делува смирувачки и ја зголемува возбудата.
Умот
При правилното стимулирање на умот, жената, туку и мажот, би доживеале неверојатно задоволство за време на секс.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















